Британскиот суд пресуди екстрадиција за Тодориќ во Хрватска
Објавено во: Балкан 23 Април, 2018
Лондонскиот суд одлучи дека Ивица Тодориќ, поранешниот сопственик на Агрокор, ќе биде екстрадиран на хрватските власти. Беше утврдено дека тој не е политички прогонуван, па според тоа ќе мора да подлежи на хрватските закони.
Ивица Тодориќ беше уапсен на 7 ноември 2017 година во Лондон на основ на европскиот налог за апсење кој го распиша Хрватска, меѓутоа истиот ден е пуштен откако уплати кауција во износ од 100 илјади фунти, по што му беше одземен пасошот и му беше наложено од Лондонскиот суд да се јавува во полиција три пати неделно.
Хрватска објави потерница за апсење на Тодориќ заради злоупотреби поврзани со стечајот во Агрокор, најголемата компанија во регионот.
Судот во Лондон ќе ја чека конечната одлука, бидејќи неговата одбрана сега има право на жалба, а до тогаш, наместо во притвор, ќе го чека исходот под засилен надзор и ќе треба да се пријавува.во полиција.