Бројот на преживеани во Италија се искачи на осум
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2017
Осум луѓе се откриени живи од италијанскиот хотел „Ригопјано“, два дена откако објектот беше затрупан во снежна лавина.
Спасувачите ги открија осумте преживеани закопани под снегот, но тие уште не се извлечени.Телевизијата „Раи“ јави дека преживеаните се тројца мажи, две жени и едно мало девојче. Тие поминаа најмалку 40 часа затрупани во снегот.
„Тие се живи и ние зборуваме со нив“- вели портпаролот на пожарникарската слуба Лука Кари.
Лавината го затрупа хотелот во Абруцо, регион во централна Италија, по серија земјотреси. За најмалку четворица е потврдено дека се мртви и околу 20 други се водат како исчезнати, додека спасувачките тимови продолжуваат да работат во тешки околности.
Спасувачите трагаат повеќе од 24 часа на температури под нулата. Тие побараа хеликоптерска поддршка за да ги спасат шесте луѓе што ги открија.
Италија деновиве се соочи со низа потреси.