07 Мај, 2024
0.3197

Бубо Каров ќе полага за пилот!

Објавено во: Стил 05 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Новогодишната епизода од ток шоуто Еден на Еден покажа зошто Жаре и екипата се омилен избор на тв публиката. Извонредни муабети со легендарниот Бубо Каров, многу интересни скечеви, неверојатно смешно јавување во Јади Бурек, корпоративни честитки како во старите времиња на МТВ и многу многу повеќе. Како изгледа кога Бубо ќе се напие повеќе отколку треба за Нова Година, зошто возел цели 12 километри во рикверц, како со К15 се спасувале од сообраќајни казни и за неговата желба да полага за пилот - сето ова во новогодишната Еден на Еден. Гледајте ја следната епизода од ток шоуто оваа сабота на 10 јануари во 21.30ч на Алфа тв. Еве ја комплетната новогодишна Еден на Еден снимена во топлиот амбиент на Мекиците од Стража. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=3DMOVe49rSs[/embed]