18 Јули, 2025
0.3036

Буџетските приходи би се оствариле само ако порастот на цените не стивне

Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2022 12:48

Добивај вести на Viber

Проектираната стапка на раст на БДП е оптимистичка и со значајни изгледи да биде пониска, а стапка на инфлацијата е под голема неизвесност и може да забалежи значајни отстапувања во двете насоки (пониска или повисока). Буџетските приходи, и особено даночните приходи, се проектирани на високо ниво, и тие би се оствариле само доколку порастот на цените не стивне, што би било неповолен исход за животниот стандард на граѓаните. Ова го истакнуваат аналитичарите на „Фајнанс тинк“ во нивниот коментар за Предлог Буџетот за 2023 година.

-Предлог Буџетот не дава јасна слика за финалните контури на предложената даночна реформа, и претставува сериозно потфрлање во делот на фискалната транспарентност. Предвидува пораст на буџетските расходи за 12,6 отсто, што е неразумно високо, ако се има предвид ризикот од остварување на приходите и намерата за фискална консолидација. Сепак, намерата за фискална консолидација е појасно видлива во сегментите на плати за јавната администрација и расходите  за стоки и услуги, кои се проектирани со раст од 7,9 отсто и 5 проценти, соодветно, понизок од растот на вкупните расходи, но сепак се` уште значајно висок. Последново е особено важно поради нагласениот ризик буџетските трошења да влијаат проинфлаторно во услови на се` уште висок раст на цените генериран од надворешни фактори – се истакнува во нивниот коментар.

Според аналитичарите на Институот за економски истражувања и политики загрижува предвидениот раст на ставката други трансфери, од 11,5 отсто, имајќи предвид дека освен трансферите до единиците на локалната самоуправа, оваа ставка вклучува субвенции и други трансфери чија целисходност, ефикасност и ефективност останува „црна кутија“.

-  И покрај апелите на домашната и меѓународната експертска јавност за рационализација на овие трошења и нивно врзување со конкретни исходи/резултати, поголем исчекор се` уште не е направен и оваа ставка содржи доминантен елемент на непродуктивен и несуштински расход. Во услови на заострување на условите на финансиските пазари, и на домашиот и на меѓународниот, расходите за каматни плаќања се проектирани со раст од 26,4 проценти, и притисок којшто ќе се зголемува – се додава во нивниот коментар.


Укажуваат дека високи капитални инвестиции  е очекуван потег и шема на дизајнирање на Буџетот, но според нив ќе се реализираат околу половина, односно 400 милиони евра. Finance Think проценува дека буџетскиот дефицит или ќе биде надминат, или во текот на 2023 ќе се изврши значајно кратење на капиталните расходи. 

Можеби ќе ве интересира

КОЈ ЕДВАЈ МОЖЕ ДА ВРЗЕ КРАЈ СО КРАЈ? Ова се најниско платените занимања во Германија

КОЈ ЕДВАЈ МОЖЕ ДА ВРЗЕ КРАЈ СО КРАЈ? Ова се најниско платените занимања во Германија

Им здосади стариот дизајн: Европската централна банка ќе го менува изгледот на еврото

Им здосади стариот дизајн: Европската централна банка ќе го менува изгледот на еврото

ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ ЌЕ ВРАБОТУВА РАКОВОДИТЕЛ – нудат плата над 80 илјади денари, еве што се бара

ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ ЌЕ ВРАБОТУВА РАКОВОДИТЕЛ – нудат плата над 80 илјади денари, еве што се бара

ПАДНА ПРВАТА КАЗНА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВОДАТА: 200 евра и прекршочен налог за жител на Црешево

ПАДНА ПРВАТА КАЗНА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВОДАТА: 200 евра и прекршочен налог за жител на Црешево

Ова е најскапата сенка на Балканот: Очигледно народот „едвај чека“ да плати 200 евра за лежалка и чадор

Ова е најскапата сенка на Балканот: Очигледно народот „едвај чека“ да плати 200 евра за лежалка и чадор

ЧЕТИРИНАЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ЗА ОПШТИНИТЕ: Аплицирале сите општини, без разлика на партиската припадност на градоначалниците

ЧЕТИРИНАЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ЗА ОПШТИНИТЕ: Аплицирале сите општини, без разлика на партиската припадност на градоначалниците

ВОДИЧ ЗА КУПУВАЧИ: Еве како да препознаете вратена километража кај половни автомобили

ВОДИЧ ЗА КУПУВАЧИ: Еве како да препознаете вратена километража кај половни автомобили

Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА, велат од Народната банка

Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА, велат од Народната банка

ОВАА ЗЕМЈА Е РАЈ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство и минимална плата од дури 14 евра

ОВАА ЗЕМЈА Е РАЈ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство и минимална плата од дури 14 евра