05 Мај, 2024
0.0282

БУХОВА ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Зошто некој во самоизолација би бил привлегиран да излегува и да го крши протоколот

Објавено во: Македонија 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Ирина Бухова Сотирова, директорка на Државен санитарно-здравствени инспекторат денеска излезе на прес конференција, за, како што реше, да одговори на сите прашања и обвинувања кои биле упатени до неа во врска со кумановскиот случај. 

Сепак, иако таа не го спомена името на кумановскиот градончалник Максим Димитриевски, бидејќи овој инспекторат не е надлежен да прави контроли во општини, објасни како тој во периодот додека бил во самоизолација, не смеел да излегува без да го почитува протоколот, ниту да се тестира по неколку пати како што направил. 

ДСЗИ, вели Бухова, во конкретниот случај, извршиле надзори во Центарот за јавно здравје во Куманово, Здравен дом Куманово - единица за итна медицинска помош, Општа болница Куманово - одделение за инфективни болести, и притоа во овие установи е напишан и оставен записник кој е потпишан од присутно лице од установата. Записникот го имаат менаџерите на тие установи. 

ДСЗИ, како што нагласи Бухова, не прави надзори во простории на општини, ниту има таква законска можност или обврска да доставува записници таму каде што не инспекторира. 

Според Бухова, лице кое е позитивно на КОВИД-19 и е ставено со решение од ДСЗИ за лекување и изолација, може да го напушти местото каде што е изолирано со најава на 192, но преку координација со матичен доктор, епидемиолог, или специјалист инфектолог во најблиската, во овој случај општа болница Куманово. Никако јавување на 192 не овозможува, по даденото решение, излегување вон од овој протокол.

За одобро да го објасни случајот нагласи дека согласно издаденото решение и протоколот, тестирањето на лица на домашна изолација се изведува исклучиво по 14-тиот ден, во временска разлика од 28 до 48 часа во институт за ЈЗ Скопје. 

Од 30.03 до 29.04 ДСЗИ има издадено 3.324 решенија за домашна самоизолација по основ на контакти и 994 решенија на лица на домашно лоекување и самоизолација. 

„Се поставува дилема што ако сите 994 лица кои се позитивни, со лесна слика или асимпотоматски, а се изолирани со решение од ДСЗИ, што би се случило и на која опасност би биле изложени сите ние, ако тие луѓе излезат самоиницијативно и тргнат надвор вон протоколот. Зошто некој би бил привилегиран да може да излегува и да го крши алгоритамот и протоколот, да се тестира 2,3,4 дури и 6 пати, а некој да мора да го почитува протоколот и да седи 14 дена во самоизолација. Прашањето е деликатно, го поставуваме пред сите вас“, нагласи Бухова. 

За сите недостатоци кои ДСЗИ ги констатира, ќе следуваат прекршочни казни. За одредени недостатоци е инициран и стручен надзор во Лекарска комора.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава