Бујар Османи: Борел не може да даде ветување
Објавено во: Македонија 15 Март, 2022
Борел не е во позиција да вети, затоа што одлуката ја носат земјите-членки. Борел не може да зборува во име на националните влади и министрите за надворешни работи на тие земји, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи. Ова шефот на македонската дипломатија го тврди по вчерашната посета на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија кој рече дека не може да даде ветување дека земјава во јуни ќе ги започне преговорите за влез во ЕУ.
- Неговото доаѓање овде споменувајќи го Западен Балкан во секој контекст доволно даде на знаење на сите дека ова е пред се безбедносно прашае на Унијата и видов кај него вонредна желба ова побрзо да се заврши свесен за влошувањето на динамиките во ЕУ, изјави османи.
На неговата заедничка прес конференција со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, Борел повтори дека местото на земјава е во ЕУ и оти Брисел прави сѐ што може преговорите да започнат на следната меѓувладина конференција.
„Ветување? Не можам да ветам. Но, можам да ве уверам дека чиниме сѐ што можеме за пристапните преговори со Албанија и С Македонија да започнат на следната меѓувладина конференција затоа што тоа е приоритет за ЕК и но за мене“, рече Борел.
Со премиерот петков направивме пресек на тие комуникации. Не беше постигнат договор по било кое прашање, цажно е тие средби да бидат чести за да не се остави простор за дефокусирање и да се наметнат други наративи. Не можам да кажам дека таа средба беше одлучна за што било, но беше корисна
Заев немал средба со Петков, туку се виделе на маргините во панелто. Се видов и јас со Заев, но таму бепе и Иванов, и таму кога сме сите заедно разговараат секој со секогоо.
Посебна биулатерална средба немало.
Не се чувствувам повикан да коментирам, но во услови на такви конференции секој со секого разговара и разменува мислења во свое име.
Имав средба со него пред војната, тоа беше во јануари, кога им беа врачени писма на сите земји-членки од НАТО, беше повикан за демарш од нашите дипломати по таа објава, понатаму сметам дека немам било што да комуницирам со него.