29 Април, 2024
0.0261

Бујар Османи: Не сакаме Датум во октомври, има избори во Грција

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, во синоќешното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека Македонија че добие датум за преговори од ЕУ оваа година, но нашата страна посакува тоа да биде до јули, а не во октомври, поради збиднувањата што се најавени во меѓувреме. 

Меѓу другото, Османи како една од причините ги спомена и предвремените парламентарни избори во Грција на 7 јули. Кај јужниот сосед, според резултатите од последните европски и локални избори, треба да победи опозициската Нова Демократија наспроти СИРИЗА на актуелниот премиер Алексис Ципрас со кого беше воспоставен Преспанскиот договор.

Османи рече дека не е прашање дали ќе започнат преговорите годинава, туку дали тоа ќе биде летово или во октомври, и дека тоа ќе биде тема на средбата на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел следната недела.

– Неколку земји членки поради внатрешните контексти, несфаќајќи ја сензитивноста на месеците и неделите овде во регионот, оценуваат дека месец порано или подоцна не игра некаква голема разлика, кога сте чекале 15 години со статусот кандидат. Но, ние имајќи го во предвид непредвидениот период после летото, инсистираме да биде во овие самити јуни-јули, без разлика што Бундестагот не го дискутираше на овонеделниот состанок, јас мислам дека треба да биде на дневен ред на 18 јуни за да разговараат барем земјите членки за оваа тема. Не е неопходно да донесат одлука, туку нека ги покажат своите ставови, нека ги надминат разликите во овој јунски совет, потоа одлуката ќе ја донесат полесно во јули, отколку да ја оставиме целата дебата во јуни, кога веќе немаме трета опција пред летото. Ја имаме во октомври, но не и пред летото. Затоа, јас гледам расположение во многу земји членки и кај многу луѓе со влијание дека портфолиото на Северна Македонија е толку позитивно и толку силно што навистина сите се ставени во незгодна ситуација за тоа како треба да реагираат – рече Османи.

Додаде дека одлуката за почеток на преговорите оваа година е фиксна и дека ниту една земја-членка на ЕУ не се противи на тоа. 

- Ние, имајќи лошо искуство од минатото каде тука на Балканот, еден ден повеќе може да ја комплицира ситуацијата, а да не зборуваме една недела или еден месец. Особено овие три месеци до октомври, имајќи ги предвид регионалните спорови, тоа што се случува во Грција со изборите, Брегзитот е одреден токму во октомври, следната недела Комисијата со работа стартува на 1 ноември. Значи, кога во октомври ќе се усвои одлуката, тоа ќе биде последната седница на комесарите, последните денови на актуелните еврокомесари – истакна Османи.



Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце