БУТAРИС ЗА ИМЕТО: Работите се зрели и би можело да се дојде до решение
Објавено во: Балкан 15 Декември, 2017
Многу е важно да се заборават противречностите од минатото и земјите на Балканот да се обединат и да бидат дел од Европската Унијa, изјави за бугарската агенција БГНЕС градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.
„Работите се зрели и би можело да се дојде до решение. Премиерот Зоран Заев ме информира дека за Нова Година ќе дојде во Солун, во приватен аранжман. Но, јас ќе му помогнам што и да можам“- вели Бутарис.
Прашан дали го дели оптимизмот во однос на решавањето на прашањето за спорот за името меѓу властите во Атина и Скопје, Бутарис појасни дека при неговата последна посета на Скопје и разговорите што ги имал со претставниците на власта „смета дека противречностите од минатото се минато.