Бутарис: Заев е сериозен човек, oд што се плашиме дека ќе ни го земат Солун?
Објавено во: Балкан 01 Март, 2018
Скопјаните не се човекојадци, изјави солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, во писмениот поздравен говор на конференцијата „Национализам наспроти патриотизам“, организирана од грчката партија „Река“.
Правејќи споредба меѓу патриотизмот и национализмот, Бутарис, вели дека со патриотизмот се добиваат, а со национализмот се пропуштаат можности. Како пример ја наведе општина Солун, градот што за да не пропушта можности е отворен кон Турците и Македонците, пренесува дописникот на МИА од Атина.
„Oд што се плашиме, дека можеби соседите ќе ни го земат Солун? Сега е шансата да завршиме со ова отворено прашање“ - вели тој.
За македонскиот премиер, Зоран Заев е сериозен човек. За Никола Груевски, вели дека е еден радикален националист, еднаков со нашите ултра патриоти.
Бутарис ги споменува и Турците кои го посетуваат Солун и зголемениот број на турски туристи. Воедно, ја повикува и официјална Атина, да продолжи со активностите кон соседите започнати од неговата општина.