07 Мај, 2024
0.0245

Целта е нашите вработени да бидат среќни – изјави директорот на една од нашите најуспешни компании, фабриката за акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ од Пробиштип

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Минатите две години беа период на неочекувани промени, поинакви приоритети, големи предизвици и нови начини на меѓусебна комуникација и размислувања, но и можност за стекнување со нови знаења.

Овие промени, ни дадоа шанса да дознаеме за нови начини како да ги подобриме условите и бенефициите за вработените лојални на нашата компанија. Од таа причина одлучивме да обезбедиме доброволно пензиско осигурување за нашите вработени и да организираме професионална пензиска шема. Со ова ТАБ МАК сака да испрати јасна порака дека е работодавец кој постојано бара иновативни начини како дополнително да ги мотивира своите вработени, да ги задржи вредните работници и што е многу значајно, да привлече нови квалитетни кадри.

Водејќи се од нашите приоритети, направивме истражување на пазарот за доброволно пензиско осигурување и донесовме одлука да организираме доброволна пензиска шема за вработените кај компанија која е општествено одговорна, транспарентна и веќе етаблирана на пазарот. Нашиот избор е Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

“Сметаме дека доброволното пензиско осигурување отвара пат за подобри примања на нашите вработени во иднина, при тоа користејќи даночни ослободувања од државата. Целта е нашите вработени да бидат среќни и со тоа да се осигура нивната лојалност на компанијата и да се фокусираат на остварување на деловните цели. Со ова добивме можност да бидеме општествено одговорен работодавец и позначајно да влијаеме на посигурна иднина за нашите вработени“, изјави Петер Верчко, Директор на ТАБ МАК ДООЕЛ, фабрика за акумулатори од Пробиштип, една од најуспешните македонски компании.

“Нашето пензиско друштво е присутно на пазарот повеќе од 16 годинии претставува спој на сигурност, традиција на осигурителна групација, знаење и искуство во управување со пензиски фондови. Посебно ни е драго кога овиенаши вредности се препознаени од најуспешните компании во државата, изјави д-р Петар Талески,  Член на Управен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Партнерството помеѓу двете компании беше официјализирано од страна на Членовите на Управниот одбор на Сава пензиско друштво, д-р Петар Талески и Директорот на ТАБ МАК ДООЕЛ, Петер Верчко.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден