04 Мај, 2024
0.0253

CES 2020: Samsung открива нова категорија на иновативни aпарати за домаќинство

Објавено во: Мои пари 06 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber


Со низа на наградувани иновации на саемот CES 2020, компанијата Samsung Electronics продолжува да ги поставува стандардите за модерен дом. Овие нови паметни апарати ги менуваат секојдневните задачи, овозможувајќи им на луѓето да поминуваат повеќе време фокусирајќи се на работите кои што ги сакаат, со луѓето кои што ги сакаат, во просторот кој што го сакаат.

„Во компанијата Samsung, ја гледаме иднината која изобилува со нови можности и во тој контекст и за таа цел се собравме овде, во Лас Вегас, на саемот CES 2020 – да видиме што е тоа кое ни претстои во наредната деценија. Со појавата на вештачката интелигенција и Internet of Things (IoT), кои конечно станаа достапни и можни, благодарение на моќта на 5G мрежата, 2020та година го означува моментот кога нашата визија за интелигентно поврзан свет станува реалност“, изјави HS Kim, претседател и извршен директор на компанијата Samsung Electronics. „Ова ќе биде деценија која ќе ја одбележи Ерата на Искуства (Age of Experience) – ера на персонализирана технологија која ги исполнува желбите на корисниците и потребите на индивидуално ниво, бришејќи ги границите помеѓу дигиталниот и физичкиот свет.“

Новата, проширена понуда наSamsung за апарати за домаќинство, го отсликува новиот начин на кој денес живееме: домот не е повеќе само место за одмор и релаксација, туку сега домот е теретана, канцеларија и место за забава. Врз основа на овие променливи трендови, Samsung носи иновативни нови дизајни и размислува што претставуваат за корисниците производите кои се флексибилни, мултифункционални и кои поставуваат нов стандард кога е во прашање личниот стил.

Модуларни, приспособливи дизајни кои што поставуваат нови стандарди

·  Иновативен и прекрасно дизајниран, BESPOKE фрижидерот воспоставува комплетно нова категорија на приспособливи апарати за домаќинство. Низ креативната употреба на материјали и бои, корисниците можат да го изразат својот стил и да остават свој личен печат на стилот во кујната. Покрај тоа, фрижидерот може да се прилагоди според потребите на корисникот со помош на Flex Zone, дел кој што може да се употребува или како фрижидер или како замрзнувач.

·  Дизајниран за мали простори, преносната индукциска плоча Portable Slim Double Induction го олеснува подготвувањето на оброци во кујната - или дури и во некоја друга просторија од домот. Моќно и прецизно готви со два индукциски греачи, секој со по девет различни нивоа на моќ. Греачите можат да функционираат посебно, за тавчиња за пржење и садови или како една унифицирана, голема површина.

·  Новата серија на Samsung Cube фрижидери нуди три нови модели: Вино (Wine), Пиво (Beer) и Убавина (Beauty). Овие модуларни фрижидери доаѓаат во различни  стилски бои коишто невидливо се вклопуваат во било каков декори дизајн, во било која просторија, вклучувајќи ја и спалната соба, бидејќи специјалната технологија за ладење е толку тивка што нема да го попречува сонот на корисникот.

·  Samsung Shoe Care System ја претставува првата иновација од ваков вид за домашна нега на чевли во светот. Ова практично решение на корисниците им помага при одржување на омилените модни инвестиции, давајќи им можност на чевлите да бидат освежени, проветрени и суви. Истото помага чевлите да траат подолго, да изгледаат поубаво и придонесува за чувство на свежина.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото