Чешка излезе од рецесија
Објавено во: Свет 03 Септември, 2013
По падот на чешката економија во шест квартали последователно, земјата излезе од рецесија, соопшти Чешкиот завод за статистика.
Податоците покажуваат, дека на годишно ниво Бруто домашниот производ се намалил за 1,3 проценти, а конечната потрошувачка во вториот квартал во споредба со лани пораснал за 0,8 отсто.
Во домаќинствата каде што трошоците на годишно ниво се зголемиле за 0,5 проценти, интересот на потрошувачите бил фокусиран на производи за подолготрајна потрошувачка, особено на предмети за домување и средства за транспорт и тоа во поголема мера отколку минатата година.
Додека продуктите наменети за брза потрошувачка, домаќинствата ги купувале помалку од периодот пред една година.
Значителни промени, според статистичарите се забележани во развојот на надворешната трговија и нејзиниот придонес кон создавањето на БДП.
По привремениот пад во првиот квартал годинава, извозот на годишно ниво забележа раст од два отсто, додека увозот од само 0,5 проценти.
Според експертите, понатамошната економска ситуација ќе зависи од интересот на странските фирми за чешките производи.