26 Април, 2024
0.0263

ЧЕСТО НЕМАТЕ ВРЕМЕ НО МОРА ДА СЕ ЈАДЕ: За подобра концентрација на работа конзумирајте го ова!

Објавено во: Стил 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Зафатените луѓе често немаат време да каснат на работа. Ако се оставите без храна сепак, нема како да очекувате да бидете енергични и функционални во текот на целиот ден. Се разбира, важно е и што точно да консумирате. Постојат одредени видови храна, кои ја стимулираат мозочната активност и на кои е добро да се посветоте за поголема концентрација.

1. Јаболка

Највкусни плодови кои содржат одредени антиоксиданти, кои имаат и својствата да ја подобруваат меморијата и да го подобруваат фокусот.

2. Авокадо

Корисните масти во авокадото помагаат за функционирањето на мозокот.

3. Лиснат зеленчук

Спанаќот и зелката содржат лутеин, кој исто така ја забрзува мозочната активност. Се препорачува да се консумира по околу 6 милиграми лутеин на ден, што грубо одговара на една чаша варен лиснат зеленчук.

4. Лосос

Омега 3 масните киселини кои се содржат во лососот, се сметаат за "добри" масти. Тие ја стимулираат когнитивната функција и помагаат за полесна асимилација на информации. Важно е да си ги обезбедувате преку храната, бидејќи организмот не може да ги произведува сам.

5. Семки од сончоглед

Задоволете го гласот за нешто солено со излупени семки од сончоглед. Можете да ги додадете и кон салата. Тие се богати со витамин Е, кој е важен за меморијата. Експертите препорачуваат да се јаде по околу една шака на ден.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти