04 Мај, 2024
0.0284

ЧИЈ Е ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - Комисијата во Софија ќе дебатира и за заедничко чествување

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Средбата на мешовитата мултидисциплинарна експертска комисија за историските и образовните проблеми меѓу Бугарија и Северна Македонија продолжува и денеска, во резиденцијата Бојана во Софија, јавуват бугарските медиуми.

Станува збор за деветта, но и последна средба која комисијата ќе ја одржи за оваа година, а на неа уште еднаш ќе се направи обид да се најде заедничко решение за историското значење на ликот и делото на Гоце Делчев. Ќе се разгледуваат и прашањата за Средниот век, Османлиската империја, како и за евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев. 

Овие теми се сметаат како отворени бидејќи на претходните разговори на членоците на комисијата тие беа камен на сопнување меѓу двете страни. 

Претходно ваков состанок на мешовитата комисија се одржа во Охрид, и на него копјата се кршеа околу забелешките за учебниците по историја, како и за усогласување на препораки за нивното подобрување. И на таа средба не се најде решение за Гоце Делчев, кој и двете страни го сметаат за своја историска личност.

Единствено извесен напредок беше постигнат во делот на средновековната историја во учебниците, но и таму останаа делови кои додатно треба да се усогласуваат, и во нив дополнително ќе се интервенира.

Последната средба во Охрид, како што сега пишуваат и бугарските медиуми, копретседавачите на Комисијата, професорот Ангел Димитров и професорот Драги Георгиев го оценија како неуспешен, поради несогласување токму за личноста на Делчев.

Бугарските медиуми нагласуваат и дека по средбата во Охрид, „тогашниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев, инсистираше македонската страна во Комитетот да најде заеднички јазик со бугарската во согласност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји“. 

Тој ја наведе и целта на комисијата, а дека тоа мора да биде градење пријателство, а не за зголемување на непријателството.

Од своја страна, бугарскиот премиер Бојко Борисов тогаш рече дека народните на двете земји се братски и ја повика Северна Македонија да погледне кон иднината. 

Денеска подоцна во текот на денот се очекува двајцата копретседавачи да ги објават резултатите од денешната средба, и да кажат дали има успех во работата на комитетот. и дали има успех во работата на комитетот.

Комисијата досега има одржано осум средби, а на нив им беше препорачано на владите на двете држави заеднички чествувања на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во земјава, како и во петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава