Чизов: Русија би можела да и понуди алтернатива на Македонија
Објавено во: Македонија, Свет 04 Мај, 2017
Владимир Чизов, рускиот амбасадор во ЕУ, вчера изјави дека неговата земја би можела да и понуди алтернатива на Македонија, за земјите од Западен Балкан и за било кои други земји.
Од него било побарано да ја објасни позицијата на Русија во Македонија, каде што националистите продолжуваат со своите протести против планот за формирање коалициска влада, која вклучува партии на етничките Албанци, и каде на 27 април имаше насилство, откако околу 100 националистички демонстранти, кои го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски, влегоа во Парламентот.
Според него, „секогаш постои алтернатива за евро-атланската интеграција.
Рускиот дипломат објаснува дека албанската платформа оди многу подалеку од Охридскиот договор во 2001 година кој стави крај на вооружениот конфликт меѓу ОНА и македонските безбедносни сили, и ги постави темелите за подобрување на правата на етничките Албанци.
Чизов смета дека албанската платформа е против уставниот поредок на Македонија, која, според него, со оглед на напнатата ситуација што преовладува, ќе биде штетна за земјата.