Членови на мотоциклистичката група „Ноќни волци“ спречени да влезат во Босна
Објавено во: Балкан 16 Март, 2018
Руската мотоциклистичка група „Ноќни волци“ е на турнеја наречена „Руски Балкан“, во Босна и Србија. Но за двајца членови од група, турнеата завршува на влезот во Босна и Херцеговина. Водачот на групата, Александар Залдостанов, и Саша Савиќ, член на групата со српско потекло биле спречени да влезат во Босна и Херцеговина. Причина за забраната, како што наведуваат медиумите, е процената дека тие претставуваат опасност за сигурноста.
Оваа Руска мотоциклистичка група „Ноќни волци“, е позната по приврзаноста кон рускиот национализам и кон рускиот претседател Владимир Путин. Дваесетина члена на групата, која е под санкции за поддршката на сепаратистичката војна во Украина, патуваат низ Балканот за, како што е соопштено на веб-страницата на „Ноќните волци“, да го истражат руското културно влијание на Балканот.