Ципрас бара Македонците да се откажат од идејата дека се единствени потомци на Александар
Објавено во: Балкан 09 Декември, 2017
Грчкиот премиер Алексис Ципрас очекува позитивни случувања за прашањето со Македонија во 2018 година доколку, како што вели тој, земјава одлучи да направи позитивни чекори напред.
„Ако тие се откажат од реториката и изјавите дека се тие единствените потомци на Александар Македонски и од своите иредентистички тврдења, тогаш можеби и би можеле да најдеме некое заедничко решение“ – изјави Ципрас.
Тој додаде дека во таков случај тој ќе биде првиот кој ќе ја гарантира европската перспектива, безбедност и сигурност на соседната земја.
„Ние сакаме да направиме иднина во која сите мирно заедно ќе живееме и ќе соработуваме“ - рече тој.
Грчкиот премиер за спорот со името зборуваше на средбата во Белград со премиерите на Србија, Бугарија и Романија.