04 Мај, 2024
0.0283

Ципрас: Нова Демократија вчера гласаше воздржано за интеграцијата на Северна Македонија

Објавено во: Балкан 25 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Алексис Ципрас, поранешниот грчки премиер во чие време на владеење беше постигнат Преспанскиот договор, се огласи на Фејснук со критика кон грчката владеачка Нова Демократија со став дека нејзините европратеници биле воздржани при гласањето во Европскиот парламент ори носењето на резолуција со која и се дава поддршка на Северна Македонија и Албанија во процесот на интегрирање во ЕУ.

Членките на ЕУ да ја поправат грешката која ја направија кон Македонија и Албанија со недоделувањето датум за отворање на пристапните преговори а за тоа вчера се изјаснија европските пратеници со 412 гласа ЗА, 136 против и 30 воздржани во Европскиот парламент. Тоа значи дека резолуцијата помина а Европскиот парламент денеска нагласува дека двете земји ги исполнуваат условите за започнување на преговори.

„Членовите на НД воздржани да гласаат во Европскиот парламент за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Премиерот (Киријакос Мицотакис) исто така се воздржа од клучната расправа на Самитот, каде се покажа дека Данска и Холандија имаат поважна улога и збор на Балканот од Грција“, напиша Ципрас на Фејсбук.

вицепремиерот и портпарол на Владата, Стелиос Петас, му возврати на Ципрас дека „повторно паднал на колена“ наместо да ги гледа интересите на Грција.

„Нова Демократија не се согласува со ниту еден текст што не се однесува експлицитно на исполнување на обврските на земјите од Западен Балкан, вклучително и заштита на правата на грчкото национално малцинство во Албанија. Затоа и пратениците на НД се воздржаа “, напиша Петас меѓудругото.


Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни