Ципрас: Спорот со името ќе се реши ако и двете страни имаат желба!
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2017
Премиерот на Грција Алексис Ципрас вчера при посетата на соседен Белград изјави дека предуслов за решавање на спорот на Грција и Македонија околу името е желбата на двете страни да се најде решение.
„Ние во текот на последните години покажавме трпение вредно за внимание и сакаме да го решиме проблемот, но тешко ќе дојде до решение ако некој инсистира на непријателски ставови и покажува националистичка тежина која не се сложува со нашите ставови“, рекол Ципрас.
Запрашан дали Србија би можела да помогне во решавање на спорот на Грција и Македонија околу името, премиерот на нашиот сосед Вучиќ рекол дека Србија е мала земја, но во случај кога некој би побарал, би била подготвена да учествува во тие разговори.
„Ние сме мала земја за да ја преземаме улогата да решаваме големи прашања...Ако не прашаат за помош подготвени сме, но нема да се мешаме таму каде што не ни е местото“, рекол Вучиќ.