Ципрас во Белград на божиќна дружба со Вучиќ
Објавено во: Балкан 24 Декември, 2017
Грчкиот премиер Алексис Ципрас божиќните празници ќе ги дочека во Белград каде ќе прослави по поканата на српскиот претседател Александар Вучуќ. Тој ќе допатува со своето семејство во приватна посета на Белград, каде што Вучиќ ќе го угости. Грчките медиуми пишуваат дека ова не е првпат Ципрас да го прослави Божик надвор од земјата откако стана премиер.
Ципрас исто така беше спомнат и од македонскиот премиер Зоран Заев за можноста за заеднички дочек на Новата година во Солун. Тогаш Заев беше поканет од солунскиот градоначалник Јанис Бутарис и ќе слави со него Нова година во Солун. Засега нема информации дали Ципрас би прифатил таков вид на покана за заедничка прослава на политичарите во Солун.
Ципрас, инаку го посети Белград првпат во февруари оваа година, а на почетокот на декември присуствуваше на состанокот на српскиот претседател Александар Вучиќ со премиерите на Бугарија, Грција и Романија.