04 Мај, 2024
0.0437

Црна Гора: Дозволено прекршување на самоизолацијата заради гласање

Објавено во: Балкан 28 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓаните кои се во изолација или карантин и не се позитивни со вирусот корона, ќе можат привремено да излезат да гласаат на денот на изборите, во недела, 30 август, а потоа да се вратат во карантин или дома, додека оние што се позитивни и кои се се на домашно лекување можат да гласаат со писмо, како и оние што се на болничко лекување.

Ова е наведено по протоколот, кој на предлог на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го донесе црногорското Министерство за здравство.

Граѓаните кои се во карантин или самоизолација поради влез во земјата или затоа што биле во контакт со потврден случај, можат да излезат во периодот од 7:00 до 20:00 часот за да остварат право на глас, со задолжително почитување на сите пропишани мерки (носење заштитни маски, физичко растојание од два метра, дезинфекција на рацете).

Гласањето е можно и за оние кои имаат позитивен ПЦР тест за коронавирусот, имаат благи симптоми или се асимптоматски и се на домашно лекување.

Тие можат да гласаат само со писмо во семејното сместување или друг објект во кој се сместени и тие се должни да ги почитуваат сите пропишани мерки за време на гласањето.

Исто така, беше решено граѓаните кои се на болничко лекување да гласаат со писмо во здравствената установа каде се наоѓаат.

Парламентарните избори на 30-ти август ќе бидат 11-ти по воведувањето на повеќепартиски систем во Црна Гора, а петти по осамостојувањето во 2006 година.

Право на глас имаат 540.026 граѓани на Црна Гора.


Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни