Добивај вести на Viber
Црногорскиот министер за финансии Радоје Жугиќ смета дека неговиот сектор покрај ревизија , подготвува и нов сет на мерки за стабилизирање на буџетот. Жугиќ открива дека се подготвува нов закон за намалување на сивата економија. Во Вашингтон, каде беше дел од годишната сесија на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, вели дека најголем интерес во овие две меѓународни финансиски институции имало за фискалната консолидација во Црна Гора.
„Ќе донесеме закон за платите во јавниот сектор , каде што сите заработки ќе се објективизираат и ќе зависат од движењето на фискалнаите и монетарни параметри, но исто така и од нивото на долгот , кога станува збор за општините и јавните претпријатија", изјави тој за „Гласот на Америка".
Жугиќ најавува и нови прописи со кои ќе го запира сивата економија.
„Тоа ќе биде збир на мерки, кој заедно со ребалансот на буџетот ќе се предложи пред Парламентот на Црна Гора . Очекувам дека и двете од овие мерки ќе имаат позитивни ефекти ", рече црногорскиот министер за финансии.