Добивај вести на Viber
Големиот шопинг , познат како " црн петок " започна . Огромни редици се направија пред продавниците во САД, каде што намалувањата почнаа уште вчера .
Поради големите толпи , наредени пред излозите , десетици продавници работеа и на Денот на благодарноста.
Подранувањето на најголемите намалувања имаше за цел да го намали бројот на повредените при вообичаените турканици и да го означи почетокот на големиот божиќен шопинг.
Ова сепак , предизвика протест на синдикатите , кои сметаат дека сите имаат свето право да не работат на Денот на благодарноста.