Црвен метеоаларм во оваа соседна земја
Објавено во: Балкан 01 Март, 2018
Многу лоши временски услови ја очекуваат Србија.
Хидрометеоролошкиот завод на Србија од денеска до недела прогласи црвен метеоаларм.
Тоа значи дека се прогнозираат „особено опасни временски појави“.
Денеска, утре и во сабота, во повеќе делови од Србија во сила ќе биде црвен метеоаларм затоа што според прогнозите на метеоролозите ќе биде исклучително студено, а ќе врне и дожд кој ќе се замрзнува на тлото.
Условите ќе бидат со таков интензитет така што ќе можат да предизвикаат голема материјална штета и да бидат многу опасни за безбедноста на луѓето и животните.
Најниската температура ќе биде од минус 20 до минус 14 степени Целзиусови.
Во текот на денот ќе дојде до постепено наоблачување од југозапад, а подоцна попладне и вечер на места ќе врне снег.
Утре во текот на денот и в сабота претпладне на места ќе врне дожд кој ќе смрзнува на тлото. До 8 март времето ќе биде променливо облачно и потопло, а во некои денови ќе врне слаб дожд.
Цел Балкан е под мраз.