01 Мај, 2024
0.0354

Цветков го чека Миновски да се врати од САД да се реши исплата на субвенции

Објавено во: Македонија 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство  Михаил Цветков на денешната прес конференција посочи дека има пари за субвенции за земјоделците, но се чека да се врати министерот за финансии Миновски кој е во посета на САД, за да се реши законскиот дел.

„Кај нас како Министерство за земјоделство и кај Платежната агенција не е спорно ништо за исплата на субвенции. Во секој случај, сега имаме проблем со Министерстовото за финансии и се надевам дека во најскоро време и овие проблеми ќе бидат завршени“, рече Цветков.

Првиот човек на Министерството за земјоделство изјави дека е испратен писмен налог за исплата на субвенциите до Платежната агенција, но дека не може да лицитира со датумот кога парите би легнале на сметките на земјоделците.

„Не се поставува прашање дали има пари. Ние можеме да кажеме дека во моментов немаме да исплатиме 50, 60 милиони евра, но на сите ни е јасно дека можеме да исплатиме 5 милиони евра“ – дополни министерот.

Цветков на прес-конференцијата пред новинарите посочи дека за 2014 година се исплатени 104 милиони евра директни субвенции, следната 2015 година се исплатени 103 милиони евра. Во 2016 се исплатени 90 милиони евра поради ребалансот на буџетот за поплавите, но во тие пари се и субвенции за 2015. Според податоците на министерот, за 2015 година земјоделците треба да добијат околу еден милион евра, а за 2016 година, уште околу 60 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок