Д-р. Ален Георгиев од Штип: Многу пациенти доцна доаѓаат, со тешка клиничка слика и 30 сатурација
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2020
Речиси половина од хоспитализираните пациенти на Инфективното одделение во Штипската клиничка болница се на кислородна поддршка, јавува ТВ Сител. Во последниот период се повеќе пациенти доаѓаат да побараат лекарска помош со многу тешка клиничка слика, со 30 сатурација, што најчесто има фатални последици.
„Еве вчера имавме случај на почината пациентка од кочанско, која ноќеста во 12 часот е пратена кај нас и која претходно била со исклучително ниска сатурација и со многу тешка клиничка слика. Жената е примена веднаш во болница, но многу бргу после приемот, жената е почината“, вели Ален Георгиев, директор на Штипската болница.
Сите кои ќе почувствуваат симптоми, веднаш треба да се јават кај матичен лекар, кој ќе процени дали е потребно тестирање за корона. На ток начин ќе се растерети и метежот пред ковид амбулантата.
На инфективното одделение во моментов има пет слободни кревети, но состојбата се менува од ден во ден. Кога капацитетот е пополнет, пациенти се препраќаат во болницата во Кочани, каде е отворено ковид одделение.