Д-р. Ненад Лазаров со остра реакција: Дискусијата за Ивермектинот ќе може он-лајн да ја следат само 100-тина матични лекарти, а не има повеќе од 1.600
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2021
Д-р. Ненад
Лазаров во објава на Фејсбук остро
реагира на организирањето на онлајн дискусијата за употреба на лекот
Ивермектин.
-Од 1600 и кусур матични лекари, само 100 можат да се вклучат на on-line дискусијата на Лекарската Комора на Македонија со проф. д-р Дејан Доќиќ за Ивермектин, бидејќи користат бесплатен програм Zoom..., напиша д-р. Лазаров.
По оваа негова реакција следат низа коментари од матични лекари во кои видливо е незадоволството од начинот на кој ќе биде организирана дискусијата.
Инаку, лекот Ивермектин веќе е вклучен во терапијата на пациентите болни од Ковид-19, а како што претходно соопштија од Министерството мза здравство тој се дава исклучиво по препорака на лекар, со точно прецизирано дозирање. За да го препишуваат матичните лекари на нивните пациенти, во текот на неделава треба да се одржи онлајн состанок на кој ќе се разговара за неговата употреба.