ДА НЕ ВИ СЕ УНИШТИ ЛЕТУВАЊЕТО: Овие намирници не понесувајте ги во Грција, цариниците ќе ви ги фрлат
Објавено во: Балкан 03 Јули, 2017
На границата со Грција се зголемени контролите, а цариниците се немилосрдни ако ви ги најдат овие намирници во возилото.
Грцките царници започнале строга примена на прописите врз основа на која не дозволуваат туристите да внесуваат подготвено месо, млеко, јајца, преработки од млеко и други намирници во таа земја.
Доколку ги пронајдат тие производи кај патниците кои доаѓаат воглавно од Македонија, Србија и БиХ , цариниците ги фрлаат.
Туристот Небојша Раичевиќ од Ниш, кој со сопругата одморал на грчкото приморје, вели дека мерките се ригорозни и дека туристите мора да водат сметка за тоа.
„Се тоа брзо се надоместува, и заборава бидејќи со кафето кое ќе го испиете на повеќето грчки плажи, а кое чини пет евра добивате чадор и лежалка за цел ден“, рекол Раичевиќ.
Според неговите зборови, во Грција е можно да се внесат до пет кг свежо овошје или зеленчук (освен компир) , храна за бебиња, чоколади, вода и слично под услов вкупната вредност да не надминува 300 евра по патник.