01 Мај, 2024
0.0290

ДА НЕМА ТУЃО ДРЖАВЈАНСТВО, ДА НЕ Е ЧЛЕН НА ПАРТИЈА И ДА Е „БЕЗБЕДЕН“ - со закон се крои профил на директорот на Бирото за јавна безбедност

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Директорот на Бирото за јавна безбедност нема да смее да има државјанство на друга држава, но и нема да смее да биде член на политичка партија. Пред да стапи на функцијата, тој ќе мора да подлежи на безбедносни проверки. 

Ова, меѓу другото, е дел од измените на Законот за полиција што ги предлага Владата, а ќе ги брани пред пратенците министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Како што е познато, со Законот за полиција нормaтивно правно се уредуваат полициските работи, организацијата на Полицијата, полициските овластувања и правата и обврските што произлегуваат од работниот однос на полициските службеници во МВР, а што не се уредени со Законот за внатрешни работи.

Од Влдата велат дека овие законски измени ги прават поради препораките за МВР кои произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за земјава, и кои се однесуваат на спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт во највисоките извршни функции, но и кај органите за спроведување на законот. Или конкретно, главната цел е да се воспостават објективни и професионални критериуми за назначување на директорот на БЈБ, кои одговараат на потребите на таквата позиција.

Со законските измени се додаваат посебни услови кои треба да ги исполнува директорот на Бирото за јавна безбедност, при што се предвидува директорот да нема државјанство на друга држава. Во однос на образованието и работното искуство, пак, се определува дека директорот треба да има стекнато најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен најмалку VII/2 степен на образование во научните подрачја како што се општествени науки од областа на безбедноста, одбраната, правните и економските науки.

Исто така, законките измени ќе налагаат првиот човек на БЈБ да мора да има најмалку 12 години работно искуство, во областа на безбедноста, одбраната или разузнавањето, од кои најмалку пет години на раководни позиции во нив. 

Но, не се само тие услови што ќе мора да ги исполни директорот на Бирото кое е во состав на Министерството за внатрешни работи. За него се предвидуваат уште четири нови услови. 

Имено, тој нема да смее да биде член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Нему ќе мора да му се направи и безбедносна проверка, која се врши врз основа на негова претходна писмена согласност, а ќе мора и да е утврдено дека не постои безбедносен ризик за негово именување.

Исто така, за да се именува директор на БЈБ ќе мора претходно да се провери дека нема постоење на судир на интереси, согласно со закон, а првиот човек на БЈБ ќе мора да има и положено Тест за интегритет.

Во законските измени е наведено и дека директорот именуван до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе ја врши функцијата до истекот на мандатот за кој е именуван, во согласност со одредбите од Законот за полиција.

Во тоа се состојат и придобивките од предложените решенија, како соодветно и прецизно нормирање на законските решенија за предметните прашања, што би овозможило доследна практична имплементација на предметните одредби од Законот за полиција.

Во моментов директор на Бирото за јавна безбедност е Сашо Тасевски. Него целата македонска јавност го памети по тоа што на 27 април 2017 година, за време на организираниот напад на Собранието, со храбрата професионална реакција успеа да ги заштити нападнатите пратеници, меѓу кои и Зоран Заев, и да спречи некој да загине. Тасевски во Собранието тогаш беше како обезбедување на тогашниот технички министер Оливер Спасовски.

Тасевски е магистер по криминалистика и криминологија на Факултетот за безбедност во Скопје и докторанд.

Инаку, со предложените измени на Законот за полиција, се регулираат и конкретни евиденции кои ги води Полицијата, а се однесуваат на oтпечатоци од папиларни линии, ДНК профили и фотографии од лица со рокови за нивно чување, начин на нивно структуирање, како и бришење на евиденциите, но и нормативно-правно подобрување на текстот, со цел доследна примена на конкретни законски решенија.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија