07 Мај, 2024
0.0239

Да се гушите во „центар“ или да живеете во предградие на Скопје?

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Големата загаденост во Скопје, особено во централните населби прави се повеќе луѓе да размислуваат за живеалиште во приградските скопски населби каде има повеќе зеленило и природа, многу почист воздух, помала концетрација на возила и подобар животен простор за разлика од хаотичната урбанизација која доведе до правење зграда до зграда без паркови, без доволно паркинг простор и останати неопходни потреби. Меѓу посакуваните населби е и Сопиште, особено по изградбата на станбениот комплекс City View Condominum. Затоа се консултиравме со повеќе експерти за различни аспекти од живеењето во центар и приградските населби, и што нудат двете средини, како и за сите можни придобивки или недостатоци, како инфраструктурни, така и од аспект на животната средина.

Како влијае сонцето врз здравјето на луѓето, се препорачуваат ли повеќе локации за живеење каде има идеална изложеност на сончевите зраци?

-  Сонцето, чист воздух, добар сон, мирна околина, се едни од најважните фактори кои придонесуваат за здрав и долг живот. Сончевите, лековити зраци се важен извор на витамин Д, кој е еден од најмоќните антиканцерогени. Нашите стари ги минувале своите денови надвор, од изгреј до зајдисонце, дишеле чист воздух и живееле здраво и среќно.
Меѓутоа, денеска тоа нее повеќе така. Соочени сме со енормни загадувања и бучава во градот кои негативно влијаат врз нашето здравје. Луѓето се принудени да излегуваат надвор со маски, не ги отвораат прозорците, а нивното здравје е загрозено. Затоа е исклучително важно да се живее надвор од градот, каде чистиот воздухот, тишината и длабок, здрав сон, не` полнат како  “батерија” после напорна работа во градот, па свежи и енергични влегуваме во следниот ден.

Колку е важна надморската височина при одредување на местото за живеење. Како пример може да го земеме комплексот City View Condominium во Сопиште кој се наоѓа на 600 метри надморска  висина?

-  Надморска височина е исто така важен фактор кој влијае при изборот на местото на живеење. Разликата во квалитетот на воздухот кој го дишеме на 600м надморска височина во однос на оној во градот, е огромна. Додека во City View водухот е чист, сонцето милува со своите зраци, а тишината лекува, градот за жал лежи под темна загадена покривка, која јасно се гледа дури и од таа височина.

При изборот на нов дом, особено да речеме за помладите брачни парови кои веќе создале или допрва создаваат свое семејство колку е важно да има соодветни услови како на пример детски игралишта, убаво уредени паркови и чиста животна средина?

-  Глетката од City View кон Водно и градот е едноставно прекрасна. Ве обзема чувството на слобода и мир, спротивно на чувството на притисок и недостиг на приватност од збиените згради во градот. City View е идеално место за оние кои ја сакаат природата. Не мора да се вози за да се стаса до парк или патеки за трчање. Излегувате од станот и веќе сте во природата, а пред вас се пружаат зелени планински пространства.

Центарот на градот и поблиските населби се соочуваат со пренаселеност и незапирлива урбанизација која го нарушува животниот комодитет. Дали е подобро да се одбере место настрана од градот, но со идеална животна средина, мир и без никаква бучава?

-  Живеење во центар има свои добри, но и лоши страни. Ислучително важно за живеење е добра и непречена комуникација. Патот од Водњанска преку Водно до кружен тек Сопиште, е изграден и по завршните работи, се очекува многу брзо пуштање во сообраќај. Со тоа, од City View за десетина минути пријатна вожња, без семафори, сте во центар! Кружниот тек кај Усје е исто така во завршна фаза. Ги имате сите погодности како нов водовод, канализациона мрежа, асфалтиран пат, бежичен интернет и фибер кој е во фаза на воведување. Здрава изворска вода исто така е присустна во околијата.


Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“