04 Мај, 2024
0.0267

Дали договор за името може да изнесе народ на улица?

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Се очекува денеска македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас да разговараат телефонски уште еднаш, и големи се шансите да се постигне договор, за што Заев синоќа изјави дека е оптимист. 

И од грчка страна кажаа дека е направен решителен чекор, и дека денеска може да се заврши и да дадат поддршка за евроатлантскиот пат. Но, еден ваков договор може да поттикне протести за одбрана на името.  Од Здружението Тврдокорни велат дека протести имало, има и ќе има, но помасовни.

„Уште од самото наше основање пред година и пол, нашиот став по прашањето на таканаречениот спор за името со нашиот јужен сосед е јасен и непроменет. Македонија ерга омнес и стоп за преговори! Пренесување на истиот во Генерално Собрание на Обединети нации и неговото решавање п оформулата на професорот Игор Јанев! Протести имало, има и ке има, се надеваме сè помасовни и помасовни, ама не само протести, туку и блокади низ цела земја и практикување на сите методи на гандиевскиот отпор“- велат од Тврдокорни.

Некои од основачите на Млади за Македонија се жалат дека се јавила поделеност во нивните редови, и дека дел се одвоиле со некои свои лични агенди, но сепак велат можност за масовни протести има.

Има цела колекција на сценарија кои би можел да ги декларирам како раелни во случај на промена на уставното и легитимното име на нашата држава.  Првично, мислам дека со ова илуцидно движење на опозиција кон политиките на владеачката коалиција кое го имаме веќе од почетокот на година, преку разните собири, граѓански иницијативи, протести и така натаму, барем за степен се крена националното чувство кај македонскиот народ или барем служеше како мерило на незадоволството. Лично сметам дека треба да се стави крај на оваа поделеност и какофонија на здруженија, иницијативи, партии, и да се обединиме во организирано национално движење. Мислам дека таа фаза почна на втори јуни со неизбежно храбрата порака испратена на тој протест.  Време е да се стави крај на поделеноста, да не се дизориентира народот непотребно и обединети да го срушиме режимот кој секојдневно, постепено ја уништува нашата држава. За да спречеме промена на името ни треба сплотеност. И најповеќе сум фокусиран на прашањето како да ја спречеме промената на името.  Доколку тоа се случи утре, моето мислење е дека ќе предизвика невиден хаос во нашето општество, нешто од кое нема враќање назад. Мислам дека пред да излезе народот на улица, нашето општество ќе биде растресено веќе во првите часови од промената на името и од таа мала бројка на тврдокорни Македонци кои нема да прифатат промена ни по цена на својот живот. Промената на името не само што ќе нè уништи како народ, ќе создаде толкава нестабилност што на крај би можело да значи и крај на постоењето на нашата држава, по насилен пат“ – вели еден од основачите на Млади за Македонија.

Македонија се сака со крв, со образ, со душа и без денар, додава вториот од основачите на Млади за Македонија.

Премиерот Зоран Заев синоќа изјави дека влегува во една магла како личност, политичар, можеме да се удавиме политички или да излеземе во една зелена полјана од целиот процес.

Од повеќе западни политичари пристигнаа пораки дека сега се создадени идеални услови за решение на името. 

Досега повеќе протести за одбрана на името имаше во Скопје, но и во градови од внатрешноста.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“