26 Април, 2024
0.0287

Дали е тешко да се најде работа за време на Ковид пандемијата во ИТ индустријата?

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Познатата меѓународна компанија за програмерски и консултантски услуги, Seavus е едно од најпривлечните места за работа на младите и на поискусните ИТ професионалци.

Пандемијата на Ковид-19 има големо негативно влијание врз економската активност кај нас и во светот. Посебно се погодени пазарите на труд, со појавата на зголемена невработеност и намалувањето на бројот на работните места. Едно од клучните прашања е како работниците реагираат на оваа криза во однос на барањето на нови работни места.

Секоја компанија се соочи со различни предизвици, во однос на тоа дали ќе ги задржи проектите и дали ќе треба да го намали бројот на вработени? Пандемијата ги принуди организациите, компаниите и луѓето брзо да се прилагодат на новата реалност. Се поголем број на луѓе работат од дома и ќе продолжат да го прават тоа и во иднина.

Во поглед на ИТ индустријата, ситуацијата е малку поинаква. Компаниите од овој сектор на ист начин беа погодени од Ковид-19, но зголемената дигитализација за време на работењето од дома, донесе и одредени придобивки. Денес, се случува вистинска револуција во многу компании и организации. Тие порано имаа свои ИТ оддели, но во овој период сè повеќе ги гледаат предностите на аутсорсингот на нивните ИТ операции, како во поглед на ефикасноста и безбедноста, така и од аспект што може да ги намали трошоците.

Можностите во ИТ секторот во Македонија се огромни, имајќи ги предвид компаниите што работат на овие простори. Луѓето вообичаено се привлечени од платите кога бараат работа во ИТ секторот, но во исто време се бара компанијата каде што ќе работат да обезбеди стабилност, да нуди можност за напредок, да има вредности со социјален импакт, да се грижи за добробитта на вработените, односно да има развиен систем на баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Познатата меѓународна компанија за програмерски и консултантски услуги Seavus, која кон крајот на минатата година стана дел од големата чешка групација Арикома, е една од најстарите и најетаблирани ИТ компании во Македонија. Во Seavus сметаат дека КОВИД пандемијата отвори нови можности на пазарот на трудот, бидејќи значително ја промени сликата за секојдневната работа. ИТ професионалците брзо се приспособија на предизвикот да работат од дома, а светот почна да бара се повеќе дигитални решенија. Ова придонесе до раст на овој пазар и отворање на нови можности. Дали секој е подготвен да прифати нови предизвици, дали е тешко да се најдат добри кадри во ИТ индустријата?

„Предизвикот при регрутирањето на нови вработени е што на пазарот на трудот има неколкукратно зголемена побарувачка за профилите од ИТ индустријата, па затоа се бара секојкандидат/ка да изрази висока мотивација зошто  би сакал/а да работи во одредена компанија. Потребно е компанијата да биде атрактивна за да ги привлече потенцијалните нови вработенида се почувствуваат декаби биле дел од силна компанија зад која стои моќен интернационален бренд. Ако компанијата е проактивна во однос на вработените, ако има интересни проекти, нуди флексибилност, нема да имате проблем да привлечете кандидати“, истакна Марија Трајковска, менаџер за регрутирање во Seavus.

Според Трајковска, важно е секој кандидат да сака да биде дел од корпоративната приказна и да ја доживува компанија како место каде би можел да расте и да се развива професионално, но и приватно.

„Нас не нѐ доживуваат како голема бирократска компанија, туку како забавно и привлечно место за работа,како за поискусните ИТ професионалци така и за почетниците кои сакаат да имаат здрав старт во индустријата. Во Seavus има можност да се напредува со кариера и токму тоа е дополнителна причина зошто имаме голем број заинтересирани кандидати, особено за новите проекти или за отворените проекти под Иновативната Лабораторија на Seavus. Флексибилноста која ја нудиме за работа од дома ни овозможи значително да ја зголемиме и соработката со помали ИТ компании и да работиме на заеднички проекти, а воедно и можноста да ангажираме се повеќе кандидати кои работат како фриленсери. Денес, како дел од Арикома, во Seavus се внесени и дополнителни стандарди и нови можности за интернационална кариера. Покрај новите проекти на кои работат големи интернационални тимови, сега имаме можност за соработка и со ИТ компаниите кои се дел од Арикома Холдингот. Така, во Seavus може да работите на различни проекти од различни индустрии, експертиза, да бидете дел од меѓународна средина со различни култури, со колеги од Белорусија, Србија, Чешка, Шведска, Босна. Токму таа инклузивност им дава дополнителна мотивација на тимовите и е дел од нашиот начин на работа, од начинот на решавање на проблемите и пристапот кон клиентите и вработените“, додава Марија Трајковска.

Големите брендови носат големи промени, а голем дел од тие промени ги носи ИТ индустријата. Не е тешко да се најде работа во овој домен, но предизвикот на секој професионалец во оваа индустрија е да го спои својот личен предизвик, со оној кој го нудат компаниите.

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”