02 Мај, 2024
0.0276

Дали Хотели Метропол имаат подобра „сезона“?

Објавено во: Економија 11 Август, 2017

Добивај вести на Viber

„Метропол“, „Белви“ и „Турист“ хотелите кои се дел од Хотели Метропол групацијата од Охрид вториот квартал од годинава им е подобар во однос на првиот и бележат поголеми приходи, но ниту сега не успеале да дојдат до профит, односно повторно се во загуба, иако во овој период барем јуни може да се смета за почеток на летната сезона. Хотели Метропол за периодот јануари-март годинава имаше вкупно 7,8 милиони денари приходи, а во овој квартал 56 милиони денари оперативни приходи.

Хотелите Метропол во вториот квартал од годинава имаат раст на приходите ако се споредат со истиот период лани кога оствариле 43,3 милиони евра приходи. Сепак, Хотели Метропол не работи профитабилно бидејќи расходите им се речиси еднакви и изнесуваат 55,2 милиони денари. Најмногу пари се издвоени за вработените вкупно 23,6 милиони денари или околу 2 милиони повеќе од ланскиот втор квартал. 

Хотели Метропол кварталот го заврши со загуба од 2,1 милиони денари, но ако е за утеха „резултатот“ е подобрен во однос на периодот јануари-јуни 2016 кога загубата стигна до 9,4 милиони денари.

Секако, туристичката сезона во Охрид полн ек добива кон средината на јули и кулуминира некаде во текот на наредните денови кога завршуваат и сите културни и забавни манифестации, па ќе биде интересно да се следи како во овој период ќе се покаже групацијата на Метропол хотели.

Инаку од билансот на состојба на компанијата може да се забележат и неколку позитивни промени. За околу 2 милиони денари помалку се потрошени за финансиски расходи, додека пак обврските за долгорочни кредити и хартии од вредност изнесуваат 87 милиони денари или 20 милиони денари помалку во однос вториот квартал во 2016. Исто така гледано според билансот на состојба зголемена е и вредноста на недвижностите до 376 милиони денари или годишен раст од 16 милиони денари.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање