26 Април, 2024
0.0279

Дали Крушево може да стане регионален центар за спортки и културен туризам?

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Позиционирањето на Македонија како атрактивна туристичка дестинација бележи прогрес изминатите години, а сведочиме како два сегменти позначително се издвојуваат од останатите: спортот и културата. Токму тие два сегмента се извонредно добро искомбинирани во еден од најатрактивните настани летово, а тоа е настанот ,,When in Krusevo,, кој ќе се оддржи на 21ви, 22ри и 23ти Јуни 2019 година во Крушево. 

,,When in Krusevo,, како концепт и идеа е одличен пример за настан кој ја промовира земјата како атрактивна дестинација, како за странските така и за домашните туристи. Во рангот на спортскисте активности агендата предвидува планинарење, јога, кајакарење, јавање коњи, додека музичката програма предвидува одлична агенда со бендови и изведувачи од земјава и регионот. Воедно, овој настан ќе ја сврти македонската публика кон сопствените неистражени богатства и ќе понуди свеж пристап кон социјалниот живот.

Основната мисија на тридневниот фестивал, организиран од здружението на граѓани „Outdoor Manifest“, е промоција на капацитетите за алтернативен туризам на градот и околината, преку организирање на повеќе групни и индивидуални спортски, адреналински и рекреативни активности. Организаторот како еколошко друштво става посебен акцент на подигнување на свеста за околината и користењето на драгоцените природни ресурси во еколошки манир.

Ентузијастите зад фестивалот се Антонио Кузмановски и Димитар Ангелковски, кои иако се професионалци во други области, водени од непрекинат ентузијазам по трет пат ги здружија силите и годинава да го организираат „When in Krusevo“.

“Основен мотив и движечка сила зад ,,When in Krusevo,, е нашата љубов кон градот, природата, дружбата и желбата да го направиме Крушево преферирана викенд дестинација за многу Македонци. Крушево има огромен неискористен потенцијал за спортски активности,природа, знаменитости, одлична храна и идеална клима.Тоа не натера да се потрудиме, да го искористиме тој потенцијал и да ги собереме ситерекреативци иљубители на адреналински спортови на едно место. Атрактивноста на настанот за странците и нас не изненади позитивно и со нетрпение чекаме да се случи овој викенд кој ќе обедини спорт, музика, добра енергија и различности”, изјави Антонио Кузмановски, еден од организаторите на настанот.

Еколошкото друштво “Outdoor Manifest”, поддржано од Општина Крушево инеколку локални и регионални компаниипо докажаниот успех имаатсилна надеж и верба дека фестивалотќе прерасне вотрадиција и ќе придонесе кон промоцијана Крушевскиот алтернативен туризам несамо кај домашните туку и кај странскитетуристи. Бројот на посетители воизминатите години се проценува дека енад 3000, годинава се очекува оваа бројкада се надмине.

Картата за ова три дневно доживување чини само 500 денари и со неа посетителите добиваат камп простор, право на учество на планинарски  или  велосипедски тури, заеднички ручек, влезници за музеи и гратис маичка.

За оние кои не се љубители на кампингот им се нуди можност да престојуваат во некој од сместувачките капацитети во Крушево кои за време на оваа манифестација им нудат попуст на гостите.

За повеќе информации за настанот и пријавување посетете ја официјалната страна:www.wheninkrusevo.mk.

Се гледаме во Крушево!


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“