Дали на БИХ ѝ се заканува распаѓање?
Објавено во: Балкан 30 Август, 2016
Босна и Херцеговина може да опстане само како „унија на три држави“, во спротивно пак таа ќе се распадне, смета претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
За референдумот кој на 25-ти септември треба да се одржи во Република Српска, а се однесува на славењето на 9-ти јануари како Ден на РС, Додик вели дека сите се за овој референдум.
Заизјавата на претседавачот со Претседателството на БИХ, Бакир Изетбеговиќ, дека референдумот е пробен балон за отцепување на Република Српска од БИХ, Додик рекол дека се работи за суштински референдум и дека „Изетбеговиќ може да јава на балони“.
Додик додал дека Република Српска следната година на 9-ти јануари ќе прослави 25 години од постоењето и дека тоа ќе биде голема прослава. Додава дека имаат грб и химна.