26 Април, 2024
0.0269

Дали НАТО ќе се приклучи на коалицијата за борба против ИСИС?

Објавено во: Свет 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

НАТО би требало да го разгледа полноправното членство во меѓународната коалиција против групата „Исламска држава„. 

Оваа порака ја испратија шефовите од организацијата една недела пред самитот на лидерите на Алијансата во Брисел.

Соединетите Американски Држави, кои ја водат коалицијата од 2014 година и изведуваат воздушни напади врз ИСИС во Ирак и во Сирија, веќе долго време го поттикнуваат НАТИ да им се приклучи. Секоја од 28-те земји членки на НАТО е и поединечна членка на коалицијата. НАТО, каде што одлуките се донесуваат едногласно, досега одбиваше да се приклучи на коалицијата за да се одбегне сликата на западњаците обединети против арапските земји и организации. Одговорот ќе се знае на 25 мај.

По преземањето на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп, кој НАТО го нарекуваше „застарен“, од своите сојузници бара поголеми напори во борбата против тероризмот.

Минатата недела германската канцеларка, Ангела Меркел беше поотворена кон таа идеја на средбата во Берлин со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Столтенберг повеќе пати изјави дека обуката на локалните сили е најдобар начин со кој НАТО може да обезбеди помош за земјите кои се борат против тероризмот.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек