03 Мај, 2024
0.0277

Дали ОВК навистина е пред мобилизација?

Објавено во: Балкан 29 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Даут Харадинај се споменува како еден од првите припадници на т.н. ОВК кој ќе се најде пред Специјалниот суд.

Првото апсење наложено од Специјалниот суд повторно ќе ја активира некогашната Ослободителна војска на Косово (ОВК), вели братот на косовскиот премиер и пратеник во Парламентот, Даут Харадинај, пишуваат приштински медиуми.

„Инструментот ОВК повторно ќе се активира на Косово кога ќе почнат апсењата по налог на Специјалниот суд“ - вели Харадинај.

Тој додаде дека политичките партии на Косово требале да размислуваат за Специјалниот суд во 2015 година, а не да гласаат за формирање на овој трибунал.

„Мое најголемо достигнување е војната. Јас сум отворен и секогаш сум подготвен да ги поддржам другарите. ОВК не изврши злосторства, туку Србија“ - смета братот на косовскиот премиер.

Како што наведува Харадинај, Специјалниот суд треба да се набљудува како „елемент што ќе му наштети на имиџот на Косово“.

Изјавата на Даут Харадинај следува по неодамнешниот неуспешен обид на партиите, кои произлегоа од ОВК, да го поништат законот во Парламентот за формирање на Специјален суд за извршени злосторства од ОВК.

Приштинскиот портал Инсајдери, повикувајќи се на извори блиски до судот, тврди дека Специјалниот суд ќе подигне обвинение против Даут Харадинај поради случајот „Радоњичко езеро“, односно за убиство на 39 Срби, Албанци и Роми за време на војната во Косово. 

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека на иницијативата на група пратеници од владејачката коалиција за расформирање на Специјалниот суд за воени злосторства за Косово треба да се гледа како на алтернатива на правдата. 

Околу 3.000 албански државјани се воени пензонери на ОВК(УЧК), но има уште кои тоа право  го бараат.

Можеби ќе ве интересира

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија