Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе се вратат на пратеничките клупи?
Објавено во: Македонија 30 Март, 2018
Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,
е на координација со пратениците,
потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер. На агендата на опозицијата е
дебата за враќање во Собранието, откако
Врховниот суд, притворот на Крсто Мукоски и на Сашо Василевски им го замени со
куќен притвор.
Според истиот функционер одлуката на раководството на партијата и пратеничката
група, за да биде конечна ќе мора да ја
потврдат и останатите партиски органи ИК и ЦК, кои се очекува да заседаваат во
недела.
Освен за враќањето во Собранието,според најавите пратениците ќе дискутираат и за преговорите со власта во работните групи за реформските закони. Преговарачите ќе ги известат колегите во која фаза е усогласувањето со СДСМ.