26 Април, 2024
0.0303

Дали првата жена директорка на ЦИА ги кршела човековите права?

Објавено во: Свет 15 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Нина Хаспел е номинирана од американскиот претседател Доналд Трамп да биде првата жена во историјата која ќе ја води Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), но нејзиното минато може да и застане на патот во добивање на функцијата, особено при задолжителното сведочење пред Конгресот на САД за досегашните нејзини активности.

За Хаспел се знае само дека во 2002 година водела тајни затвори на непознати локации за јавноста во Југоисточна Азија, каде се вршела програма за засилено испрашување. Всушност станува збор за многу агресивна тактика на ЦИА за третирање на воени заробеници, осомничени терористи или лица од посебен интерес. Вакви тајни затвори ЦИА има на повеќе локации низ светот и често во периодот додека Џорџ Буш водеше војна во Авганистан и Ирак беа киднапирани или транспортирани различни осомничени лица, но без никакво судење, адвокат или почитување на човековите права, туку беа третирани како легитимни цели од страна на разузнавачките служби.

Проблематично за Хаспел е тоа што врз затворениците била применета тортура во тајниот центар кој таа го водела во Тајланд, како и фактот што наредила да бидат избришани видео лентите од постапките.

Хаспел со децении е во ЦИА и претежно работела на терен, до неодамна немаше ниту една нејзина јавна слика, таа е преискусен оперативец на службата, а водела повеќе важни дивизии.

Трамп прво ја номинираше за заменик директор на ЦИА што е нејзина прва функција на така високо политичко ниво, но откако директорот Мајк Помпео го назначи за нов Државен секретар, на негово место треба да дојде првата жена директор секако доколку Конгресот ја одобри.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9