07 Мај, 2024
0.0267

Дали Русија испорачувала оружје на Хрватска во 90-те години?

Објавено во: Балкан 15 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Руското министерство за надворешни работи ги демантираше тврдењата на хрватските медиуми за испораките на оружје за Хрватска од Русија на почетокот на деведесеттите години.

Како што се наведува во соопштението на руската амбасада во Белград, Русија секогаш строго ги почитувала своите меѓународно-правни обврски, вклучувајќи ги и оние врзани за режимот на забрана за испорака на оружје на спротивставените страни за време на југословенската криза од 1991 до 1995 година.

Велат дека се извртуваат фактите, со цел да ја оцрнат политката на Руската Федерација на Балканот. 

„Особено е неприфатливо во контекст на сите тие измислици спомнувањето на контакти на амбасадорот на Русија во Загреб“, стои во соопштението.

Загребски Вечерњи лист вчера, не наведувајќи извори, напиша дека рускиот амбасадор во Хрватска Анвар Азимов деновиве го повикал на разговор во амбасадата Звонко Зубак, хрватски бизнисмен кој се бави со трговија со оружје, за да го праша каде исчезнале ракетите од системот С-300 кој Русија во првата половина на деведесеттите години ѝ го испорачала на Хрватска.

Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ изјави, во врска со написот, дека рускиот амбасадор сака да ја потсети Хрватска дека Русија „помагала на хрватската одбрана и борбата за независност, и тоа не само со оружје“.

Амбасадорот Азимов, меѓутоа, изјави дека руската амбасада во Загреб никого никогаш не повикала на разговор околу испораки на оружје од Русија во Хрватска.

„Разговори беа водени, но не на наше барање, туку на барање на другата страна, која ја иницираше постапката. Го одбивме предлогот за каква било соработка која господин Зубак го изнесе во таа прилика. Русија и руската амбасада не правеле и не намераваат да вршат каков било притисок на Хрватска. Соработката на Русија и Хрватска на воен план се одвивала и ќе се одвива и понатаму во рамки на меѓународните обврски кои Русија ги има и тука нема ништо спорно“, кажа Азимов, а пренесуваат хрватските медиуми.

Според Руското министерство, сета одговорност треба да ја сносат авторите на ваквите „идеи“.

Можеби ќе ве интересира

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста