Дали САД го притискаат Коѕијас за името?
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2018
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас изјави дека американската администрација не врши притисок, туку само многу се интересира за решение кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки.
„Во скопското прашање немаме никаков притисок, ниту некој има намера да не притиска. Никогаш нема да дозволиме да нѐ притискаат. Но, многу се интересираат за решение и се обидуваат да разберат каде се наоѓаат преговорите и кои се тешките точки“- вели Коѕијас.
Тој вака на грчките новинари им ја објаснил неговата вчерашна средба со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, на која се задржал двојно повеќе од предвиденото.