03 Мај, 2024
0.0257

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Демократијата е систем на владеење, кој го обезбедува најмоќното право за секој граѓанин да има право на глас, промовирајќи еднаквост. Правото на глас, освен што е привилегија, истовремено е и обврска и одговорност која произлегува од нашата улога како активни членови на демократското општество.

Во држава во која секој има иста можност, со која може да влијае на одлуките кои ги засегаат сите во општеството, ниеден граѓанин не треба да има спомнеж за влијателноста на неговиот глас. Доколку во било кој момент, размислувате дека вашиот глас нема да направи промена, тогаш треба да си го поставите прашањто: - „Дали се откажав од креирањето на сопствената држава?“. Одговорот на тоа прашање ќе го добиете од вашите сопствени постапки и доколку не ја исполнувате вашата граѓанска должност, односно доколку не гласате, тогаш не инвестирате во сопствената иднина.

Да учествувате во креирањето на сопствената држава, значи да го користите вашето право на избор, со што ќе ја изразите вашата индивидуална волја и ќе ги одбраните вашите ставови, идеи и одлуки. Вашиот глас директно влијае во формирањето на политичките одлуки кои подоцна го диктираат заедничкото секојдневие. Затоа е потребно да ја искористите вашата граѓанска моќ и да ги издиктирате вашите потреби. Гласајте, за да бидете промената која секој ја посакува.

Твојот глас е важен за заедничка подобра иднина. Со твојот глас, креираш држава во која владее мир и хармонија, каде што секој ги почитува меѓусебните разлики, креираш подобар образовен и здравствен систем, креираш стабилна економска држава која го поттикнува претприемништвото и обезбедува финансиска стабилност. Доколку не гласаш, нема да учествуваш во креирањето на најважните сегменти од живеењето и затоа, доколку не гласаш „Не е до нив, до тебе “.

Искористи го твојот глас и креирај го патоказот за патот кон успехот, покажи дека не е до нив, до тебе е. Гласај!

Искористи го твојот глас и креирај простор кој ќе ти овозможи да ги реализираш твоите идеи и соништа, бидејќи не е до нив, до тебе е. Гласај!

Искористи го твојот глас и креирај здрави навики за идните генерации, научи ги дека не е до нив, до тебе е. Гласај!

Не се откажувај од креирањето на сопствената држава и гласај, затоа што „Не е до нив, до тебе е!“

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија