Дали Вес Мичел побара решение на името од Грците?
Објавено во: Балкан 16 Март, 2018
Американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел вчера
се сретна со грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.
На средбата се разговараше за билатералната одбранбена соработка, за
случувањата во поширокиот регион и за прашањето со двајцата грчки војници
притворени во Турција.
Мичел вчера во Атина оствари средба со
високите функционери на грчката држава. Според Еуроњус на грчки јазик и весникот „Ризоспастис“ на Комунистичката
партија на Грција, американскиот помошник-државен секретар за Европа и
Евроазија, се сретнал и со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, без да
постојат дополнителни детали околу разговорите.
Пред почетокот на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан беше најавено
дека Мичел во Атина на средби со грчкиот државен врв се очекува да разговара и
за спорот за името.