26 Април, 2024
0.0319

ДАТУМОТ ПОМЕСТЕН: Виз Ер Скопски маратон годинава ќе се одржи на 4-ти мај

Објавено во: Мои пари 12 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Поради одржување на претседателските избори, чиј втор круг  ќе се поклопи со првичниот датум на одржување на 15-то издание на Виз Ер Скопски маратон, 5-ти мај 2019, и неможноста во ист ден со изборите да се одржи и маратонот, организаторите, Сојуз на спортови на Скопје и Организациониот Одбор на Виз Ер Скопскиот маратон, донесоа одлука овогодинешниот маратон да се помести за еден ден порано, односно во сабота, 4-ти мај 2019.

„Датумот на Виз Ер Скопски маратон ние секогаш го одредуваме една година пред одржување на трката, тоа е една од нашите обврски кои ги имаме спрема меѓународните асоцијации ИААФ и АИМС. Па, од таму, не можевме да предвидеме дека на денот на одржување на 15-тиот Виз Ер Скопски маратон може да се одржат избори во државата. Затоа одлучивме после официјалното распишување на претседателските избори од страна на претседателот на Собранието, да го преместиме датумот на маратонот за еден ден порано. Ова нема да биде ниту прв, ниту последен пат да се случат вакви поместувања, како што во изминатото било случај и на други маратони во светот. Иако пријавувањето за маратонот е отворено уште од 15 септември 2018, моравме да се одлучиме на ваква тешка одлука,за нас, во овој момент како би избегнале поголеми штети и последици во организацијата во следниот период. Свесни сме дека оваа непопуларна мерка можеби нема да им се допадне на некои од досега пријавените учесници, посебно на странските тркачи, но се надеваме дека ќе наидеме на нивно разбирање. “ – изјави Кире Синадиновски, спортски директор на Виз Ер Скопски Маратон.

Од Сојуз на спортови на Скопје уверуваат дека атмосферата и секој елемент кој се однесува на Виз Ер Скопски маратон ќе се задржи исто како во минатите години и дека овој јубилеј очекуваат да биде еден од најубавите спортски настани кој ќе се одржи на улиците во главниот град. Тие им се извинуваат на сите досегашни пријавени учесници заради новонастаната ситуација. Сите до сега пријавени учесници ќе добијателектронска порака од организаторот во кој ќе биде наведен линк со анкетен прашалник во кој ќе се изјаснат дали ќе можат да учествуваат на 4-ти мај или не, за потоа да бидат контактирани од организаторите за следните чекори.

Повеќе информации може да се најдат на официјалната веб страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна