02 Мај, 2024
0.1883

ДАВОС: Трамп не штеди на пари, Грета на зборови

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Дводневната посета на Доналд Трамп на Светскиот економски форум ќе ги чини даночните обврзници 3,4 милиони долари.

Ова, досега е најскапото патување во Давос на американскиот претседател. Минатогодишниот „аранжман“ го чинел 3,2 милиони.

Секој јануари, илјадници светски претставници доаѓаат во Давос, градчето со околу 11 000 жители. Високата побарувачка ги зголемила цените, па едноставен апартман чини од 1000 долари за ноќ.

За сместување на претседателскиот тим на овогодишниот Светски економски форум САД издвоиле над три милиони долари. 

Тајната служба обезбедила повеќе од 400 000 долари за агентите кои престојуваат во „Бад Рагаз“, одморалиште со пет ѕвезди и уште 176 000 долари за готелските соби на аеродромот во Цирих.

Изнајмување на автомобил за комуникационата агенција на Белата куќа, која обезбедува безбедна комуникација на претседателот и неговиот персонал ќе чини околу 266 000 долари.

ВО ПРАКСА НИШТО НЕ Е НАПРАВЕНО ЗА КЛИМАТА

Младата активистка Грета Тунберг изјави пред економската и политичката елита во Давос дека „ништо не е сторено во пракса за климата“, дури и по неколкумесечна масовна мобилизација на младите луѓе ширум светот.

„Климата и животната средина се жешка тема денес, но ништо не е сторено во пракса“, рече Грета Тунберг на тркалезната маса на Светскиот економски форум.

Таа изјави дека емисијата на СО2 не е намалена и предупреди дека проблемот нема да се реши доколку не се третира како вистинска криза.

Американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да зборува на првиот ден од Форумот.

Не е познато дали ќе има можности да се сретне со шведската активистка за животна средина и американскиот претседател кои имаат спротивставени ставови за климата.


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?