02 Мај, 2024
0.0264

Дебатата со „бунтовниците“ од Водно ќе оди во живо

Објавено во: Економија 02 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Во живо ќе се пренесува дебатата на надлежните државни органи и граѓанските здруженија за изградба на гасоводот на Водно што ќе се одржи утре во Советот на Град Скопје, соопшти денеска градоначалникот Петре Шилегов. 

Дискусијата ќе биде јавна и секој заинтересиран ќе може да дојде и да го каже своето мислење. Според Шилегов, граѓаните реагираат на спроведувањето на постапката за гасификација, но таа е завршена во 2016 година. Градот, нагласи, е исправен пред правосилно решение. 

- Очекувам во текот на утрешниот ден да го почнеме процесот на соочување факти и аргументи. Од средбата ќе има пренос „лајф стрим“ и верувам дека сите медиуми ќе му дадат значење. Мислам дека така главните поенти од таа дебата можат да бидат пренесени на сите национални, регионални и локални телевизии. Така видливоста би била поголема отколку да има дебата на некоја телевизија со национална концесија, рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во СУГС „Орце Николов“. 

Според него, на средбата ќе присуствуваат директорот на МЕР и министерот за транспорт и врски. 

- Ниту Градот, ниту Министерството за животна средина не се органи кои го водат тој проект. Градот Скопје ниту го изведува тој проект, ниту го финансира. Но, само заради тоа што станува збор за Водно ќе ги отвориме вратите на градското Собрание и сите заинтересирани ќе можат да дојдат и да го кажат своето мислење, истакна Шилегов. На прашање дали постои можност за друга траса, Шилегов рече дека Градот Скопје не ја дефинира трасата на гасоводот. 

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?