Деца од бегалскиот камп Кале принудно работат на француски фарми
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2016
Британска група за заштита на човековите права откри дека десетици деца кои беа раселени од бегалскиот камп на Кале наречен „Џунгла“ сега принудно работат на фарми ширум Франција и несоодветно живеат со возрасни луѓе. Бегалците својот живот го опишале како да се во затвор, и се жалат на тешките услови.
Џенет Дарли од здружението „Безбеден премин“ од Велика Британија соопшти дека се многу загрижени за безбедноста на децата сместени во прифатни центри низ Франција. Исто така посочи дека се прават напори да се изнајдат безбедни и легални начини за нивно префрлање во Велика Британија каде соодветно ќе бидат згрижени.