17 Јануари, 2025
0.0303

Децата од СОС Детско село на одмор во летниот камп ‘‘Медо Штедо‘‘ во Струга

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка, СОС Детско село, Црвениот крст на град Скопје и граѓаните кои се вклучија во големата хуманитарна акција ‘‘Мојата единствена шанса за летување сте вие‘‘ им овозможија на 30 деца од СОС да летуваат во кампот Солферино во Струга. Долго очекуваниот одмор на дечињата започна во петокот и ќе трае до 12 јули.

Претседателот на УО на Шпаркасе Банка, г-дин Глигор Бишев и Генералниот секретар на Црвениот Крст, г-дин Саит Саити денес го посетија летниот камп и се дружеа со децатa  чија радост е неизмерна.

‘‘Проектите за општествена одговорност се од голема важност за банката. Ние сакаме да даваме допринос на заедницата. Се одлучивме за овој проект, почнавме со најмалите и тие на кои им е најпотребно. Не радува насмевката во детските очи. Огромна благодарност до сите хумани граѓани кои активно се вклучија во нашиот проект и со своите донации овозможија денес да бидеме сите тука.‘‘, изјави г-дин Бишев.

‘‘Ова е трет заеднички проект со Шпаркасе Банка и нашата соработка ќе продожи и во идинина. Задоволен сум што успeавме да ги донесеме децата во Струга, ова за нив е вистинско доживување. И благодарам на Шпаркасе Банка за иницијативата и за подготвеноста да им излезе во пресрет. ‘‘, изјави г-дин Саит Саити.

Летниот камп ‘‘Медо Штедо‘‘ е вистински летен одмор за децата, исполнет со многу забава, игра и смеа. Вработени во Шпаркасе Банка и во Црвениот крст ќе летуваат заедно со децата овозможувајќи им да бидат дел од едно големо семејство.

Сите граѓани имаа можност да се вклучат во акцијата преку донаторските сметки на Шпаркасе Банка како и преку донаторските телефонски линии на мобилните оператори Т-Мобајл и Вип оператор.

Со овој проект, Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува својата стратешка определба да бида активен учесник во развојот и унапредувањето на различни сегменти на општеството.

Годинава планирани се повеќе општествено одговорни проекти во различни области и во соработка со повеќе институции, невладини организации и партнери, меѓу кои се и оние за развој на најмладите, екологијата, образованието, спортот, културата, филмската уметност и др.

Можеби ќе ве интересира

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика