Дедо Мраз доби отказ - Ја ставил Хилари Клинтон на листата непослушни
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2016
Вработен во трговски центар во Сенфорд, Флорида кој ги забавувал децата како Дедо Мраз доби отказ откако на едно дете му кажал дека претседателската кандидатка ја ставил на листата на непослушни и слатко се изнасмеал.
Овој недоличен коментар го чуле родителите на девојчето и го пријавиле на надлежните во трговскиот центар, по што си добил отказ за непримерни коментари.
Од трговскиот центар посочија дека Дедо Мраз треба да остане симбол на мирот, дарувањето и заедништвото за време на празничната сезона, а да не се меша во политичката битка, особено во период кога нацијата е длабоко поделена.