04 Мај, 2024
0.0260

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА ИСЛАМСКАТА РЕПУБЛИКА ИРАН ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Објавено во: Мои пари 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Со цел ревитализирање и продлабочување на билатералните и економските релации меѓу Република Македонија и Исламската Република Иран, на 26 април 2018 година, во Стопанската комора на Македонија се одржаа Бизнис форум и деловни средби со делегација од Исламската Република Иран.

Во своето поздравно обраќање, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакна дека оваа посета на делегацијата од Иран, составена од еминентни бизнисмени, членки на Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделие, една од најзначајните комори во тој регион, претставува чекор кон отворање нови пазари и нови можности за соработка за македонските компании.

-Сметаме дека сега е вистински момент да се вложат напори да ги поврземе бизнис заедниците од двете земји, да ги ревитализираме економските врски и да ја интензивираме меѓусебната соработка. На македонските компании им се потребни нови пазари и обврска на коморите е да ги поврзат компаниите и да ги отворат вратите за соработка, - додаде Азески.

Азески истакна дека за олеснување на постапката за зголемување на трговската размена, потребно е двете земји со заеднички напори да ги елиминираат проблемите со кои се соочуваат компаниите при обид за меѓусебна соработка. Потребно е во што поскоро време да се решат проблемите со издавање визи, нецаринските бариери, процедурите за вадење потребна документација за увоз-извоз на стоки, како и да се елиминираат сите пречки коишто стојат на патот кон продлабочување на соработката. Исто така, потребно е двете земји меѓусебно да си помагаат и во мултилатералната соработка, особено за настап на трети пазари согласно економските компетенции кои ги имаат нашите економии.

Претседателот на Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделие, господинот Голам Хосеин Шафеи, истакна дека Исламската Република Иран со своите економски можности и инфраструктурни ресурси зема значајно место во светот. Тој додаде дека постои можност за соработка меѓу двете земји во делот на прехранбената и фармацевтската индустрија, медицинска опрема, земјоделието и рударството. Тој ја покани Стопанската комора на Македонија со своја бизнис делегација да ја посети Иранската комора во следниот период.

На Бизнис форумот, д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, ги запозна присутните со поволностите кои инвеститорите ги добиваат доколку одлучат да инвестираат во Македонија, а воедно Аднан Ќахил, министер без ресор задолжен за странски инвестиции, ја претстави програмата за раст на Владата на РМ во делот на инвестициите и во делот на поволностите за македонските компании и ги повика присутните домашни компании да соработуваат со цел да се овозможи развој на економијата и подобрување на меѓународниот углед и позиција на Република Македонија.

Амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Н.Е. Хосеин Карими, потенцираше дека е потребно зајакнување на економската соработка меѓу двете земји и поттикнување на потенцијалите коишто постојат, за што поскоро надминување на постојните бариери.

За унапредување на соработката, Стопанската комора на Македонија на денешниот Бизнис форум потпиша и Меморандум за соработка со Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделие, со цел воспоставување и развивање  деловна соработка во рамките на дејностите, активностите, знаењето и искуството на секоја договорна страна, со цел заедничко унапредување на активностите, усогласување на посебните и заедничките интереси и за обезбедување на единствен професионален интерес на договорните страни.

На настанот учествуваа триесеттина претставници од македонски компании, кои што, по завршувањето на официјалниот дел, имаа можност да остварат директни средби со делегацијата од Исламската Република Иран.

Вкупната трговска размена за првите два месеца од 2018 година изнесува 2,6 милиони САД $, и бележи пораст од 158% во споредна со истиот период минатата година кога е забележана трговска размена од 741.991 САД $. Извозот изнесува 847,5 илјади САД $, со раст од 922,6%, додека увозното салдо изнесува 1,81 милиони САД $, со зголемување од 174,5% во споредба со периодот јануари - февруари 2017 година.

Трговскиот дефицит во периодот јануари - февруари 2018 година изнесува 0,96 милиони САД$ и истиот е зголемен за 66,9% во споредба со истиот период лани. Исламска Република Иран е 49-ти трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија во период јануари - февруари 2018 година.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото